Македонија
27. November 2022 - 18:44

Украдена поголема количина кабел од објект на МЕПСО

Вчера во 08.57 часот во СВР-Битола било пријавено дека во објект на МЕПСО лоциран во с.Новаци, била извршена тешка кражба при што бил одземена поголема количина кабел, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Битола. Се работи на расчистување на случајот.