Македонија
6. May 2018 - 13:06

Украдена бистата на Страшо Пинџур

Скопските крадци не запираат, почнаа да ги крадат дури и бистите од училиштата. Како што стои во билтенот на МВР, во средата  во 07,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје С.С.(40) вработена во Основното училише “Страшо Пинџур“ лоцирано на улицата “Лука Геров“ пријавила дека во временскиот период од 30.04 до 02.05.2018 година од страна на непознат сторител извршена била тешка кражба на една бронзена биста со ликот на Страшо Пинџур, со димензии 80 х 40 цм. при што е причинета штета од околу 66.000 денари.

Се работи на целосно расчистување на случајот.