Македонија
17. January 2016 - 12:16

Украден златен накит од куќа во Визбегово

Во скопското село Визбегово вчера непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил балконската врата од куќа сопственост на А.Ф.(37) и извршил тешка кражба, при што одзел златен накит по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120 илјади денари.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.