Укинување на руската блокада по фитосанитарната истрага во Македонија
Русија ќе ја укине времената забрана за извоз на коскесто овошје од Македонија откако ќе добие извештај за спроведена истрага и преземени фитосанитарни мерки. Извештајот треба да го изготват надлежните органи од земјава и мора да биде прифатен од надлежните органи на Руската Федерација.
Фитосанитарната управа на Македонија веќе изготвува упатство за деконтаминација на магацините и насадите со коскесто овошје од страна на производителите и дистрибутерите во случај да се утврди присуство на габата „монилиниа фруктикола“.
Тим од македонското Министерство за земјоделство денеска во амбасадата на Руската Федерација имаше средба со заменик-амбасадорот Константин Берсенев. Како што беше речено на средбата, Како што соопшти МЗШВ, двете страни се согласни да се најде решение за времената забрана за извоз.
Договорено е идниот месец да се одржи состанок на техничко ниво меѓу претставници на надлежните органи од двете земји за да се разговора за актуелната состојба, но и за другите прашања за кои Македонија и Русија имаат потпишано Протокол, како и за тоа, во иднина да се превенираат вакви состојби.
- Претставниците на македонската страна ги истакнаа преземените мерки од страна на надлежните органи изминатата недела, меѓу кои: контрола на примарните складови и откупните пунктови, како и засилена фитосанитарна инспекција во регионот на Кавадарци и Неготино, земање сомнителни примероци со цел идентификација на распространетоста на штетниот организам на територијата на Македонија, информира Министерството.
На состанокот е презентирано и изготвеното Упатство за управување со „монилиниа фруктикола“ кое ќе биде споделено на фитосанитарните инспектори и земјоделските производители.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот