УЈП: Заокружена исплатата на ДДВ на физички лица за второто тримесечје од годинава

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека ја заокружи исплатата на повратот на дел од ДДВ искажан во фискалните сметки на физичките лица, за второто тримесечје.
-Во месеците април, мај и јуни 2020 година 304472 лица скенирале 41.650.814 фискални сметки со што е остварен промет од 21.414.380.426 денари. За ова тримесечје исплатен е поврат од 268.763.538 денари на 236 493 лица кои скенирале фискални сметки и кои имаат наведено точни податоци во Апликацијата МојДДВ, соопштуваат од УЈП.
За корисниците на апликацијата кои имаа наведено трансакциска сметка од Еуростандард Банка исплатата на повратот беше стопирана и таа ќе се изврши откако ќе ги ажурираат податоците односно ќе наведат трансакциска сметка од друга банка.
Управата за јавни приходи апелира и до сите граѓаните корисници на апликацијата МојДДВ да внесат точни податоци како би се извршила исплатата на повратот на дел од ДДВ искажан во фискалната сметка.
Најчести причини поради кои не е извршена исплатата се: погрешно внесена трансакциска сметка, внесена трансакциска сметка на друго лице, а не на корисникот на апликацијата, или е внесен бројот на платежната картичка наместо број на трансакциска сметка.
Ново на Сител
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
-

Јаневска: Студентите повеќе нема да бркаат глувци и да им се тресат лифтовите
-

Протест на вработените во секторот игри на среќа - ако се донесе законот, ќе останеме на улица
