Бизнис
22. April 2021 - 16:38

Угостителите не знаат дали шестиот пакет ги задоволува барањата

Угостителите и туристичките работници се уште немаат јасни насоки кои услови треба да ги исполнуваат и како ќе се одвива аплицирањето за шестиот пакет мерки. Се надеваат дека денеска ќе ја добијат методологијата, зашто без тоа не може да се знае дали пакетот ќе им помогне и дали ќе се стави крај на протестите. Тие денеска повторно излегоа пред Министерството за финансии. Овој пат добија поддршка и од сметководителите и од танцовите училишта.

Министерот Бектеши пак не е сигурен дека денеска ќе бидат објавени условите, но очекува следната недела да се објават јавните повици за шестиот пакет. Од владата уверуваат, пари за шестиот пакет има, се кратело од непродуктивните трошоци.

Финансиска помош бараат и сметководителите и танцовите училишта кои велат дека досега многу малку биле помогнати.

Од туристико - угостителскиот сектор трет ден по ред протестираат. Бараат неповратна помош во вид на грантови но и да нема застој во поддршката затоа што е неизвесно кога ќе почнат нормално да работат.

Од шестиот пакет, први помош треба да добијат токму затворените дејности – угостителите туристичките агенции, водичите, игротеките, фото студијата, фитнес центрите.