Бизнис
20. April 2021 - 20:02

Угостителите на протест бараат неповратна помош, туристичките агенции продолжување на рокот за ваучерите

Угостителите и туристичките работници повторно на протести. Стотици граѓани од овие сектори со свирежи и  транспаренти “Ќе можете ли” се собраа пред Mинистерството за финансии. Велат загубите во секторот се огромни. Бараат неповратна помош, грантови кои ќе се движат од 5.000 до 15 илјади евра, а за организаторите на прослави  кои се повеќе од една година затворени да изнесуваат  50 илјади евра и помошта да биде континуирана затоа што е неизвесно кога ќе почнат нормално да работат. Велат ваквата помош ќе им помогне да опстојат, кредитите со грејс периодот од банките нема им се од помош.

Туристичките работници освен неповратна помош, бараат и  рокот  на ваучерите кои лани не беа  искористели  да се продолжи до крајот на 2022 година и да се реализираат исклучиво преку агенциите.

Финансиски да бидат поддржани побараа и туристичките водичи,  сопствениците на игротеки  кои смеата дека досега најмалку биле помогнати.

На улица ќе останат додека Владаа не ги прифати нивните барања.

Туристичко – угостителскиот сектор е најпогоден од коронакризата.