Loading Video...
Фудбал
12. May 2020 - 16:07

УЕФА не размислува да ги укине квалификациите за европските купови

 
 
Откако вчера поголемиот дел од европските медиуми „истрчаа“ со информацијата дека нема да се играат квалификации за европските купови за следната сезона денеска од Нион, седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја демантираа таквата информација. 
 
„УЕФА никогаш не размислувала да го укине правото на екипите кои избориле квалификации преку борба на теренот да се пласираат во групната фаза од Лигата на шампионите. УЕФА сака да појасни дека едноставно ја следи ситуацијата и секој потенцијален импакт на форматот на квалификации за клупските натпреварувања за идната сезона. До денеска не биле разгледувани никакви специфични опции за форматот на квалификациите во европските клупски натпреварувања“, се вели во соопштението на УЕФА.
 
Според планот на европската „куќа на фудбалот“ националните шампионатот би требало да завршат до крајот на јули месец, по што во август покрај остатокот од сезоната во Лигата на шампионите и Лига Европа, паралелно би се играле квалификациите, односно би играле екипите кои треба да ги играат првите квалификациски кола, а не се дел од најдобрите клубови.
 
Доколку планот на УЕФА тече според предвиденото, сезоната во европските купови би била заокружена  на крајот на август,а наредната би почнала кон крајот на септември или почетокот на октомври месец.