Македонија
30. August 2016 - 13:24

Училиштата во Ресен подготвени за старотот на новата учебна година

Општина Ресен презема активности за подобрување на условите во основните и средното училиште, пред почетокот на учебната година.

Увид во активностите изврши градоначалникот Ѓоко Стрезовски, кој посочи дека активности се вршат во средното општинско училиште „Цар Самоил“ и во основните „Гоце Делчев“ и „Мите Богоевски“.

- Во средното училиште се реновираат кабинетите по информатика и албански јазик и просториите наменети за школска библиотека и за техничкиот персонал. Во демонстративниот насад се поставени фотоволтаични панели за производство на електрична енергија на која ќе бидат поврзани пумпите, кои се користат за наводнување и прихрана на насадот, појасни Стрезовски.

Во ОУ „Мите Богоевски“, додаде, е поставена пвц столарија во две училници кои беа дооформени минататa година, а се поплочува и пристапната патека до главната училишна зграда. Според градоначалникот, во ОУ „Гоце Делчев“ направена е санација на подот во 12 училиници, односно на површина од 600 метри квадратни.

- Општина Ресен континуирано работи на подобрување на условите за учениците во сите училишта на наша територија, рече Стрезвоски.

Училиштата, нагласи тој, се подготвени за стартот на новата учебна година.