Ученици од СУГС „Лазар Танев“ освоија второ место на натпревар во Италија
Учениците од Средното угостителско-туристичко училиште „Лазар Танев“ го освоија второто место во Европа на натпреварот во „туристички дестинации“ што се одржуваше во италијанскиот град Џулијанова.
На натпреварот што се одржа од 5 до 8 мај учествуваа 206 училишта од Италија и од 13 земји од Европа.
Со македонскиот штанд аранжиран во етно-стил и презентацијата на англиски јазик, учениците Христијан Исајловски и Христијан Николовски под менторство на професорката Билјана Николовска по вторпат за шест години и донесоа публицитет и афирмација на Република Македонија.
- Презентацијата на течен англиски јазик беше пресудна за освојување на второто место. Учениците од СУГС „Лазар Танев“ одговорија на сите прашања на жирито за алтернативните видови туризам во Македонија, за потеклото на народните носии во кои беа облечени нашите ученици, како и за специфичностите и автентичноста на богатиот асортиман производи кои беа презентирани на нашиот штанд, се вели во соопштението од Град Скопје.
Македонскиот штанд бил посетен од над 25.000 посетители и според бројот на гласови од посетителите бил на првото место. Најбарани и највкусни биле велигденските јајца, квалитетните македонски вина, жолтата ракија, ајварот, малиџаното, белото сирење, квалитетните сувомесни и млечни производи, локумот, милибродот и специјалните пецива. На посетителите на штандот им биле поделени и проспекти, сувенири и преостанат туристички материјал.
Стручното жири на натпреварот било составено од членови од Министерството за туризам на Италија, од Секторот за туризам на Регионот Абруцо, од инспекторатот за туризам на градот Џулијанова, менаџери од два најелитни хотели, двајца туроператори од регионот, како и двајца професори по англиски јазик од универзитетите во овој туристички регион.
Ново на Сител
-
Средба на лидерите на ВЛЕН
-
Учениците учат само за оценка
-
Преглед на вестите од свет
-
Тема на денот со Милан Стефановски, аналитичар
-
Предизвици пред седницата на Уставен
-
Чествување - „Денови на Свети Климент Охридски“
-
Новата пречистителна станица во Дојран ќе биде готова до крајот на годината
-
Намалена интенција на младите за иселување, но предизвици има уште многу