Учебната година нема да почне на 1-ви септември!?
Стартот на учебната година ќе биде пролонгиран поради неопходноста од правење на законски измени за наставниот процес.
Според информации на Сител, на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести каде присуствувале и министрите Адеми и Филипче, било укажано дека за да има скратени часови со физичко присуство на децата во училиштата, мора да има Собрание и Влада за да бидат направени измени во законите. Тоа значи дека стартот на учебната година ќе зависи од преговорите и формирањето на новата Влада. Инаку, на утринскиот состанок, двајцата министри биле со псортиставени ставови - Адеми е за физичко присуство во училиштата додека пак Филипче за он лајн настава освен за првачињата.
Дискутирале и за комбиниран модел со кој до 5то одделение ќе одат на анстава а од 6то до 9то одделение да учат од дома, но како што велат од Комисијата, ризикот е голем бидејќи никој не знае што не чека од есен.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница