Свет
25. May 2022 - 9:13

Убиени најмалку 12 фармери работејќи на нива во северна Нигерија

Најмалку 12 фармери се застрелани од вооружени лица во Кацина, северна Нигерија, јави Би-би-си.

Според жителите, напаѓачите пукале во земјоделците додека тие си работеле на нива.

Неколку куќи биле запалени.

Трагедијата се случи само по неколку часа, откако 40 фармери се убиени од, како што се верува, борци на Боко Харам, во Борно.

Во Кацина е роден претседателот на Нигерија, Мухамаду Бухари.