Балкан
1. May 2016 - 10:37

Убиен еден турски полицаец во напад врз седиште на полицијата во Газиантеп

Еден полицаец загина, а повеќемина се повредени денеска при напад со автомобил-бомба пред седиште на полицијата во турскиот град Газиантеп, соопштија безбедносни претставници.

Според западните медиуми, во нападот се повредени девет лица. 

На снимката која ја објави Си-Ен-Ен Турк се прикажани делови од уништено возило во близина на влезот на станицата, како и неколку амбулантни и пожарникарски возила кои пристигнале на местото на експлозијата.