Фудбал
5. March 2016 - 18:58

Убедлива победа на Реал “четворка“ на Роналдо

Фудбалерите на Реал Мадрид ја декласираа Селта со дури 7-1 во викенд колото во Шпанија. Централна фигура беше Роналдо кој постигна 4 гола. 

Интересно што Селта беше подобар противник во првиот дел но не ги искористи своите шанси па стигна казната од Пепе. 
Во вториот дел голови постигнаа уште и Бејл и Хесе. 
Роналдо е сега лидер на листата на стрелци со 27 гола пред Суарез со 25.