-->
-->
Убедлива победа на Пелистер над Работнички во ракометната Супер лига
-->
Ракометарите на Пелистер забележаа очекувана и убедлива победа во дуелот против Работнички, со која битолската екипа го осигура првото место на табелата по есенскиот дел, односно пред зимската пауза во домашниот шампионат на Македонија.
Пелистерци синоќа пред својата публика го совладаа Работнички со 36-21, во воведниот натпревар од 14.коло на Супер лигата.
Попладнево во терминот од 18 часот и 30 минути ќе се игра дуелот меѓу Вардар Јуниор и Охрид.
Останатите три средби на програмата се утре (сабота), а во нив ќе играат:
Металург 2 - ГРК Борец (од 17 часот),
Еурофарм Работник – Пролет (17 часот) и
Прилеп – Радовиш (19 часот).
Табела: Пелистер 34 бодови, Охрид 28, Еурофарм Работник 25, Борец 20, Прилеп 20, Пролет 19, Металург II 18, Радовиш 16, Вардар Јуниор 11, Работнички 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та