Фудбал
4. February 2017 - 17:51

Убедлива победа на Челзи во дербито со Арсенал

 
 
 
 Фудбалерите на Челзи забележаа убедлива победа против градскиот ривал, и еден од конкурентите за шампионскиот трофеј Арсенал, во дерби дуелот од 24.коло на англиската Премиер лига. 
 
На натпреварот одигран на стадионот „Стенфорд Бриџ“, лидерот на табелата Челзи го победи Арсенал со 3-1. 
 
Головите за домашниот тим ги постигнаа: Маркос Алонсо (13.минута), Еден Азар (52) и Сеск Фабрегас (85). Оливие Жиру во првата минута од судиското продолжение (90+1) само го ублажи поразот на „топчиите“.