Живот
4. September 2017 - 13:09

Убавата блогерка не се депилирала две години, без срам покажа како изгледа

Блогерката Морган Микенас со своите седум илјади следачи на Инстаграм сподели фотографија од своето недепилирано тело.

Имено, Морган, која е и бодибилдерка, пред две години си постави цел - да ги поттикне луѓето да ја прифатат својата природна убавина. Тоа значи дека таа досега не се депилирала.

блогерка

- Ослободете се, преземете ризик и секогаш имајте храброст да го следите своето срце и интуиција. Користете ги приликите, правете грешки, созревајте..., вели таа во коментарот под сликата.