Македонија
11. January 2020 - 12:18

Уапсени три лица кај кои била пронајдена марихуана, едно од Мароко

Синоќа во 21.30 часот на ул „Орце Николов“ во Скопје поради основано сомнение по чл. 215 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори,, лишено од слобода е лицето Х.А (24) од Мароко, кај кого е пронајдена марихуана. Исто така вчера вечер во 22.30 часот на ул.Тодор Александров бб- Скопје лишено од слобода е лицето К. Ф(28) од Скопје, кај кого е пронајдена марихуана. И во  22.45 час. На ул. Кеј 13-ти Ноември бб- Скопје лишено од слобода е лицето А.А(21)од Тетово, кај кого е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.