Уапсени на Табановце - Двајца скопјани „паднаа“ со 12,5 килограми марухуана, еве каде ја скриле

Вчера од страна на полициски службеници при егионалниот центар за гранични работи Север на ПС за ГП Taбановце бил спречен обид на криумчарење на опојна дрога марихуана на излез од Р. Македонија кон Р. Србија.
Имено, вчера во 22,00 часот на ПС за ГП „Табановце“, на излез од Р.Македонија со патничко возило “Опел Астра“ со скопски регистарски таблички дошле лицата М.С. (30) и К.Г. (31) кој го управувал возилото, инаку двајцата од Скопје.
Од страна на полициски службеници биле извршени гранични проверки и кај нив се појавило сомнение при што горенаведеното возило и лицата биле селектирани за дополнителна контрола.
При извршената детална контрола на возилото, поточно под задните тапацири во возилото пронајдена е тревкаста материја спакувана во 25 паковки со тежина од околу 12,5 кг, односно опојна дрога - марихуана.
Лицата биле приведени и подоцна истите се предадени на инспектори од МВР-ОКП- ОНТДО при СВР Куманово за понатамошна постапка, а од страна на Крим-техника при СВР- Куманово бил извршен увид и документирање на настанот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
