Македонија
3. February 2020 - 11:38

Уапсени двајца дилери на марихуана во Скопје

Вчера во 17.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на патот за Нерези, на Средно Водно, го лишиле од слобода Д.Д.(22) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Исто така и во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Р.(33) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.