Свет
28. October 2016 - 8:31

Уапсени 117 лица при протести поради изградба на нафтовод во САД

Стотици вооружени американски полицајци вчера го расчистуваа шестчасовниот протест поради изградбата на гасоводот кој треба да пренесува нафта од западниот дел на Северна Декота до Илиноис.

Сто и седумнаесет лица беа упасени при расчистувањето на кампот кој беше формиран на приватниот имот на сопственикот на нафтоводот на американската компанија „Енерџи трансфер партнерс“.

Кампот кој беше расчистен вчера, се наоѓа северно од постојаниот и поголем камп на демонстрантите, кој се наоѓа на федерален терен.

Таму се собрани стотици притивници на проектот, меѓу кои и локални жители, екологисти и некои познати личности.

Меѓу уапсените има жена која извадила пиштол и пукала три пати кон полицијата.