Македонија
1. January 2020 - 13:56

Уапсен малолетник од Тетово

Вчера вечер во 22 часот и 15 минути на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Тетово.

Уапсен е затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.