Фудбал
23. August 2016 - 14:52

У21: Милевски ги соопшти патниците за Шкотска

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година  ја очекува двомеч во квалификациите за ЕП 2017 со Шкотска на 02. септември и С.Ирска на 06.09. 

Сите погледи сега се вперени кон гостувањето во Единбург каде не пречекува една мошне силна репрезентација, домаќинот Шкотска во чии редови играат голем број играчи од првите лиги на Шкотска, Англија и Португалија- изјави Милевски. 
Дел од играчите не се стандардни во своите тимови, дел се повредени но имаме доволно квалитет да ја повториме играта од претходните средби смета македонскиот селектор кој го соопшти и списокот на повикани играчи. Од стандардните недостасува повредениот Ангелов.

ГОЛМАНИ
Игор Алексовски (Вардар)
Дамјан Шишковски (Работнички)

ОДБРАНА
Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија)
Дарко Велковски (Вардар)
Висар Муслиу (Ренова)
Алекса Амановиќ (Јавор, Србија)
Мевљан Мурати (Шкендија)
Егзон Бејтулаи (Шкендија)

СРЕДЕН РЕД
Бобан Николов (Вардар)
Енис Барди (Ујпешт, Унгарија)
Давид Бабунски (Црвена Звезда, Србија)
Даниел Аврамовски (Црвена Звезда, Србија)
Кристијан Филиповски (Силекс)
Елиф Елмаз (Работнички)

НАПАД
Марјан Радески (Шкендија)
Тихомир Костадинов (Злате Моравце, Словачка)
Филип Пивковски (Ландскрона, Шведска)
Кире Маркоски (Работнички)
Петар Петковски (Вардар)
Бесир Демири (Шкендија)