Фудбал
15. October 2019 - 18:54

У-21: Наместо убедлива победа, бод за Казахстан

Младата фудбалска селекција на Македонија  не успеа да ја оствари планираната победа против Казахстан во попладневниот натпревар од квалификациите за ЕП кој заврши без победник 1-1.

            Избраниците на селекторот Благоја Милевски го отворија резултатот со погодокот на Милан Ристовски во 20-тата минута од мечот.  Во вториот дел нашите млади репрезентативци наместо да го нападнат противникот и ја осигураат значајната победа направија многу грешки што заврши со израмн ување во 75. Минута кога Омиртајев успеа да ја затресе нашата мрежа.

            Македонија се обиде до крајот да ја врати предноста и ја прокнижи третата победа но не ги искористи двете убави шанси за гол.

Од нашата група вечерва играат уште и Ц:Гора – Шпанија и  Израел – Ф.Острови.