Фудбал
28. August 2016 - 19:00

У-21: Милевски ја изврши првата прозивка

Младата фудбалска репрезентација на Македонија од денеска стартуваше со подготовките за квалификациските дуели со Шкотска С. Ирска закажани за 2. и 6. септември. 

Селекторот Благоја Милевски првиот тренинг го одржа без Амановиќ и Пивковски кои ќе допатуваат вечерва како и фудбалерите на Шкендија кои денеска играа првенствен дуел со Победа. 
- Немаме посебна стратегија на подготовки за средбата со Шкотска. Ќе тренираме како и за претходните средби. Имаме добра анализа на играта на противникот и доколку се подготвиме како за дуелите со Франција и Украина тогаш очекувам уште една радост за македонската јавност“- истакна Милевски.