-->
-->
Турските воени сили се подготвуваат за распоредување втора база во Идлиб
-->
Вооружените сили на Турција се подготвуваат за распоредување на втора воена база во зоната за деескалација во сириската провинција Идлиб.
Првата турска база на територијата на Сирија се наоѓа во Шеик Баракат, највисоката точка на локалната планина, која се наоѓа меѓу провинциите Алепо и Идлиб. Базата ќе се користи за следење на активностите на курдските единици од страната на Африн.
Во моментов, Анкара се подготвува да ја распореди втората база на аеродромот за хеликоптери Тафтаназ, кој неколку години беше под контрола на борците на Сириската слободна армија.
Турција планира да распореди три фиксни станици во Идлиб, како и над 40 набљудувачки места, од кои 30 ќе бидат мобилни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите