Турските сили ликвидираа деветмина припадници на ПКК
Турските безбедносни сили убија деветмина припадници на Курдската работничка партија (ПКК) за време на операции во југоисточните окрузи Шарнак и Дијарбекир, соопшти денеска Генералшатбот на Вооружените сили на Турција.
Во соопштението се нагласува дека шестмина курдски бунтовници биле убиени вчера при акција на безбедносните сили во реонот на Сур во округот Дијарбекир.
Со ова, вкупниот борј на ликвидирани борци на ПКК во Сур достигна 196 лица, наведува турскиот Генералштаб.
Уште тројца припадници на ПКК се убиени вчера во оперција во градот Џизре во округот Шарнак, при што се заробени и двајца други курдски бунтовници.
Во соопштението се посочува дека при претреси во шест објекти во Џизре, турските сили пронашле тела на 31 убиени припадници на ПКК.
Бројтот на убиени курдски бунтовници за време на антитерористичката операција во Џизре достигна 659 лица, посчува турскиот Генералштаб.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители