Балкан
8. August 2016 - 11:30

Турски воени авиони нападнаа курдски екстремистички цели

Турски воени авиони Ф-16 извршија воздушни напади врз курдски екстремистички цели во југоисточниот дел на Турција, при што загинаа 13 борци на Курдската работничка партија (ПКК).

Авионите вчера гаѓале цели во руралните подрачја на провинцијата Сирт, по добиена дојава, со поддршка на беспилотни летала, истакнаа воени претставници.