Балкан
9. December 2015 - 14:08

Турски полицаец убиен додека се обидувал да деактивира бомба, поставена од ПКК

Турски полицаец беше убиен во југоисточна Турција додека се обидувал да деактивира бомба, поставена од бунтовниците на Курдската работничка партија (ПКК). 

Полицаецот бил застрелан со снајпер во градот Сур, во округот Дијарбекир. 

Продолжуваат операциите на силите за безбедност во регионот на Сур, каде вчера веќе осми ден во сила е забрана за напуштање на домовите.

Убиениот полицаец се обидел да ја деактивира бомбата, поставена покрај џамија, кога бил застрелан во пределот на главата.