Балкан
22. јуни 2016 - 8:58

Турски авиони нападна цели на ПКК во северен Ирак и југоисточна Турција

Авиони на турското Воени воздухопловство синоќа нападнаа цели на курдските бунтовници во северен Ирак и во југоисточна Турција, јавија турските медиуми.

Во нападите, како што соопштија турските безбедносни сили, се уништени објекти на Курдската работничка партија (ПКК), како засолништа и воени магацини.

Нападите биле изведени во близина на турските градови Лиџе и Шемдинли.