-->
-->
Турската полиција уапсила над 270 криумчари и над 1.000 илегални мигранти во последниве две недели
-->
Турската полиција уапсила вкупно 273 криумчари и 1.022 илегални мигранти во рамки на специјализирана операција спроведена во 51 окрук низ земјата во последните две недели, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалната мрежа Икс.
Јерликаја информира дека досега 98 од уапсените криумчари се задржани во притвор, додека за останатите сѐ уште се разгледуваат судските мерки. Уапсените мигранти се предадени на надлежните институции и во тек е процедура за нивна екстрадиција.
Министерот не прецизираше од кои земји доаѓаат мигрантите, но нагласи дека акцијата е дел од зголемените напори за спречување на илегалната миграција и криумчарење луѓе кон Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна