Балкан
17. November 2016 - 8:52

Турската полиција ликвидира терорист при акција во Анталија

Терорист беше ликвидиран во турскиот град Анталија во акција на полицијата.

Две лица се обиделе да нападнат полицајци, но при обидот еден од нив бил застрелан, а другиот совладан и приведен. Кај лицата биле пронајдени рачни гранати.

Засега не е соопштено за тоа на која терористичка група припаѓале лицата.