Живот
28. September 2019 - 15:18

Турците ја претвориле во џамија: Која е црквата Св. Богородица Перивлепта која ќе ја посети Помпео

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео следната недела пристигнува во Македонија каде овен средбите кои се најавени, ќе ја посети и црквата Св. Богородица Перивлепта. Не е познато зошто се одлучил токму за овој храм, но јасно е дека оваа црква е една од најзначајните во нашиот бисер.

Се наоѓа близу Горна порта, а црквата „Света Богородица Перивлепта“ кај народот е позната и како црква Свети Климент. Секој кој што имал можност да влезе во неа ќе заклучи дека оваа црква е една од најстарите, но воедно и според фрескоживописот една од најубавите цркви во Македонија. Според самото име црквата е посветена на Света Богородица.

Според натписот кој што стои на влезната врата од внатрешниот дел на припратата се знае дека црквата била изградена под името Света Богородица Перивлепта (Преславна) во 1295 година од страна на византискиот војсководач Прогон Згур, роднина на Андроник II Палеолог.

Во времето кога Турците Климентовата црква Свети Пантелејмон ја претвориле во џамија, моштите на светителот Климент Охридски се преместени најпрвен во црквата Мал Свети Климент, а потоа во Света Богородица Перивлепта по што народот ја нарекол по името на светителот Свети Климент.