Балкан
26. March 2017 - 13:17

Турција повика швајцарски дипломат поради протестот против Ердоган во Берн

Министерството за надворешни работи на Турција синоќа го повика заменик-амбасадорот на Швајцарија во Анкара, за да ми врачи протест поради демонстрациите во Берн, за време на кои бил издигнат постер со повик за убиство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Илјадници лица, вклучувајќи ги и поддржувачите на Курдската работничка партија (ПКК), се собраа синоќа на протест во Берн, повикувајќи да се гласа со „Не“ на референдумот во април. 

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека очекува од швајцарските власти да направат истрага. 

Турскиот министер за надворешни работи одржа телефонски разговор со неговиот швајцарски колега со цел да го изрази неговиот гнев поради протестот. 

Претставник на швајцарските социјалдемократи, кој бил еден од организаторите на протестот, потврди дека за време на демонстрациите бил носен постер со повик за убиство на Ердоган.

- Тоа беше единствениот постер, што ги премина границите на пристојност, увери тој.

Ердоган, исто така ја критикуваше Швајцарија поради демонстрациите. 

Тој истакна дека меѓу демонстрантите имало и приврзаници на терористички групи.