Балкан
28. December 2018 - 11:37

Турција: Издаден налог за апсење на 64 лица поврзани со терористичката „Исламска држава“

Обвинителството на Анкара издаде налог за апсење на над 60 лица под сомнение дека се поврзани со терористичката група „Исламска држава“, јави ТРТ.

Под истрага се најмалку 64 лица, но не се прецизира нивната националност.

Во ноември и декември минатата година без приведени 283 лица поради врски со ИД, покажуваат податоците на Главната управа за безбедност на Турција.