Турција ги повика амбасадорите од петте постојани членки во Советот за безбедност при ОН
Турција ги повика денеска амбасадорите на петте постојани земји-членки на Советот за безбедност при ОН по нападот во Анкара, во кој загинаа 28 лица, јавува турската телевизија „НТВ“.
Поединечни состаноци со амбасадорите на Русија, Кина, Сад, Велика Британија и Франција ќе бидат одржани во блиска иднина, пренесува Танјуг.
Турското Министерство за надворешни работи не беше достапно за коментари, јавува турската телевизија „НТВ“.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу претходно рече дека доказите за нападот во Анкара треба да бидат разгледани со петте земји-членки, и ги обвини воените сили на сириските Курди дека се одговорни за вчерашниот напад.
Шефот на курдската „Партија за демократски сојуз“ во Сирија го отфрли обвинението на Турција дека таа група е вмешана во експлозивниот напад во Анкара.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи