Туниски полицаец загина во судирите со демонстрантите
Туниски полицаец загина во провинцијата Касрин во западниот дел на Тунис, во судири со група млади демонстранти, кои го претвртеле неговиот автомобил за време на протестите против високата стапка на невработеност.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Валид Лугини изјави дека демонстрантите го нападнале полицаецот, додека се обидувал да излезе од автомобилот за време на протестите во градот Феријан во провинцијата Касрин.
Немирите започнаа во неделата кога едно момче почина од струен удар, откако се качи на електричен столб за да го изрази своето незадоволство поради тоа што не е примен во државна служба, а протестите следните денови се проширија во повеќе градови, вклучувајќи го и главниот град Тунис.
Во Тунис стапката на невработеност изнесува околу 15 отсто, таа е многу повисока надвор од главниот град. Меѓу младите има 30 отсто невработени.
Од почетокот на протестите во неделата околу 40 лица се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите ширум земјата.
Ново на Сител
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан