Кошарка
26. October 2015 - 14:10

Тројка од половина терен за победа на Крка над Партизан

Со тројка на Мулалиќ од половина терен во последната секунда од натпреварот Крка го победи Партизан со 70:69 во натпревар од регионалната АБА лига.
 
Овој неверојатен погодок на Мулалич стана вистински хит на социјалните мрежи.
 
Мирко погоди на само неколку секунди пред крајот на натпреварот, а погодокот беше уште позначаен откако тој со истиот му донесе победа на словенечкиот тим.