Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин

Тројца жители на кривопаланечкото село Конопница вчера физички го нападнале, а потоа и го турнале од тераса дваесет и шестгодишниот А.С. од истото село, при што тој т се здобил со повреди.
Од Секторот за внатрешни работи во Куманово информираат дека настанот се случил вчеравечер, 35 минути пред полноќ.
- На 20 април 2025 во 23 часот и 25 минути полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка ги лишиле од слобода дваесет и шестгодишните Ј.А. и Н.К. како и Е.А., дваесет и петгодишен, сите од село Конопница, кривопаланечко. Лицата се лишени од слобода затоа што во Крива Паланка физички го нападнале и го турнале од тераса дваесет и шестгодишниот жител на истото село А.С. кој се здобил со повреди, изјави портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.
Лицата се приведени и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
-

Повластени тарифи за 60 производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
