Балкан
13. February 2018 - 17:59

Тројца загинати при превртување чамец во Марица

Три лица загинаа, а четворица се водат како исчезнати кога чамец во кој се наоѓале седуммина мигранти рано изутринава се преврте во реката Марица во северниот турскиот округ Едрене.

Турските спасувачки тимови досега пронашле три тела, меѓу кои и на две деца на возраст од 12 и четири години. 

Операцијата за пронаоѓање на уште четворицата мигранти продолжува.

Според турските власти, мигрантите се обиделе со чамецот да ја преминат Марица и од Турција да пристигнат во Грција.

Нивото на реката Марица е зголемено по неколкудневните врнежи од дожд.