Свет
3. December 2021 - 9:32

Тројца загинати откако се урна салвадорски воен авион во Пацификот

– Три лица, двајца членови на екипажот и син на министерот за одбрана загинаа во пад на салвадорски воен авион во Пацификот. Авионот се урна доцна синоќа а армијата потврди дека се пронајдени телата на жртвите.

Загинаа двајца членови на екипажот и Херардо Мерино, син на министерот за одбрана Френсис Рене Мерино Монро. Вооружените сили не објаснија зошто Мерино се наоѓал во тој авион кој, како што наведоа, „бил на мисија во крајбрежната област“ кога се урнал.

Несреќата се случила на околу три наутички милји од брегот.