Џет-Сет
14. March 2016 - 9:31

Трогателно: Вака Милена Дравиќ се прости од сопругот

Смртта на еден од најголемите српски актери Драган Николиќ растажи многумина низ целиот регион. Сите кои барем еднаш го запознале Гага Николиќ знаеја за колку исклучителен човек и уметник се работи.

Многумина од нив оставија трогателни пораки, и говореа за заедничките моменти.

Сепак, некако сите потајно знаат дека најголема тага во срцето носи неговата сопруга со која беше во брак 45 години.

Вака славната актерка Милена Дравиќ се прости од Драган Николиќ.

-Замина мојот драг, замина мојот сакан, мојот племенит сопруг, мојот Драган, мојот Гага. Неговата Милена, напиша во некрологот актерката.

Тие двајцата се запознале на снимањето ан филмот „Како се засакаа две будали“.

Во една од паузите меѓу снимањето на 31 декември 1971 година заминале во општинат Врачар и таму се венчале, а кума им била Сека Сабљиќ.

На прашањето која е тајната на нивниот долгогодишен брак Милена и Гага едноставно одговараа дека универзална формула за успех нема.

-Клучот е во разбирањето, трпенеито и секако работа која ја работиме и имаме среќа да се успешни, без да претеруваме. Но сето тоа би било поинаку ако тука имаше некаков реваншизам или љубомора меѓу нас, што се однесува на работата, зборуваше своевремено Драган.