Живот
14. February 2017 - 14:03

ТРОГАТЕЛНО: Децата ја снимиле смртта на своите родители: "Се во животот правеа заедно"

Мајк и Џули Бенет починале од рак и зад себе оставиле три неутешни деца. Тие раскажуваат како нивните родители во животот правеле се заедно. Ги снимиле како се држат за раце во болница во Ливерпул во тешка состојба неколку дена пред нивниот татко да почине, пренесува Мирор.

Грижата за децата ќе ја превземе целата заедница, кажал близок пријател на семејството. Оливер (13), Хана (18) и Лука (21) споделиле потресна фотографија со која сакале да покажат колку љубовта на нивните родители била силна.

Нивниoт татко Мајк (57) открил дека има тумор на мозокот 2013. година. За него цело време се грижеле неговата жена Џули (50) која била учителка и неговите три деца. Во март 2016. година на Џули и бил дијагностициран рак на дојката. Болеста се проширила и на другите органи, вклучувајќи го црниот дроб и бубрезите.

Семејната пријателка Хитон Галагер, која во моментов се грижи за децата, рекла: "Нема зборови со кои можам да ја опишам тагата која ја чуствувам за ова прекрасно семејство".

"Бенети бea познати по својата дарежливост и љубов. Јулија добро се грижеше за децата и за својот маж. Кога дозна дека и таа е болна, се погрижi децата да имаат што поубави спомени со нив", рекла таа.

"Се собраа повеќе од 15.000 долари, но тоа не е доволно. Сакам овие деца да имаат иднина. Лука е студент, Хана оди во средно училиште а Оливер во основно. Немаат блиски роднини, но имаат прекрасни пријатели и соседи. Имаат прекрасна група на луѓе која се соедини за да им помогне", додала Галагер.

"Брат ми, јас и мојата сестра сме преполни со емоции поради огромната подршка која ја добиваме. На мојата мајка тоа многу и значи. Нејзе најбитно сега и е дека сме згрижени", рекол најсариот син Лука. Нажалост нивната мајка починала, само еден ден откако починал нивниот татко.