Тенис
16. August 2021 - 16:08

Триумф на Медведев во Канада

Рускиот тениски ас, Данил Медведев стигна до својата четврта Мастерс 1000 титула во кариерата, откако во финалето на Канадскиот опен во Торонто со 6:4/6:3 го декласираше американскиот квалификант Рејли Опелка.
 
Како прв носител на турнирот, Медведев спаси 4 од 4 брејк топки и освои 73 отсто од поените на сервис во мечот кој траеше час и 25 минути. Опелка, кој играше во првото Мастерс финале, не можеше да се потпре на својот силен сервис освојувајќи само 63 отсто од поените на свој прв сервис.
 
25-годишниот Медведев во 2019 година играше во финалето на турнирот во Торонто, но загуби од Рафаел Надал во два сета.