Loading Video...
Кошарка
2. April 2018 - 16:55

„Трипл-дабл“ учиноци на Леброн и Вестбрук

Синоќешните натпревари во НБА лигата ги одбележаа индивидуалните партии на Леброн Џејмс, Расел Вестбрук и Никола Јокиќ.

Леброн стигна 17-тиот „трипл-дабл“ сезонава откако во победата над Далас (98-87) на домашен терен имаше учинок од 16 поени, 13 скокови и 12 асистенции. 

Минатогодишниот МВП од регуларниот дел на сезоната Расел Вестбрук со  26 поени, а имаше и 15 скокови и 13 асистенции беше лидер на Оклахома во победата над Њу Орлеанс со 109-104 на гостински терен. За Вестбрук тоа беше 24-тиот „трипл-дабл“ годинава. 

Србинот, Никола Јокиќ со 35 поени и 13 скокови, го предводеше Денвер до победа над Милвоки со 128-125 дури по продолжението, меч во кој кај гостите се истакна Антетокуомпо со 18 поени и 12 скокови.

Од останатите средби го издвојуваме „тексашкото дерби“ во кое Сан Антонио го победи Хјустон со 100-83.