Тенис
22. јуни 2019 - 18:08

Тринаесетто финале за Федерер во Хале

Роже Федерер уште еднаш ја потврди својата добра форма откако избори финале на турнирот во Хале , Германија.

            Швајцарецот во полуфиналето играше сигурно и го елиминира Французинот Пјер-Иго Ербер со 6-3, 6-3.  Ова ќе биде 13-то финале за Федерер каде ќе се бори за десетата титула и тоа против Давид Гофан против кого фаворитот има само еден пораз во 8 пресметки.

            Турнирот во Хале  се игра за награден фонд од 2,2 милиони евра.