Тринаесетгодишно девојче трета жртва од морбили во Албанија
Тринаесетгодишно девојче од планинско село кај Фуш Арез денеска почина од морбили.
Во тешка здравствена состојба,со хеликоптер на понатамошно лекување во Тирана се префрлени и нејзините брат и сестра, кои, исто така, биле заразени од морбили.
Селото Берише,од каде се децата,од петокот се уште е завеано во снег.
Ова е трет смртен случај во Албанија од морбили. Претходно починаа едно четиримесечно и едно осуммесечно бебе.
Заменик- министерката за здравство Мира Ракацоли на почетокот на месецов изјави дека Албанија и официјално е во состојба на епидемија на сипаници.
Освен деца на возраст до една година, кои поради возраста не се вакцинирани, се зголемува бројот на возрасни погодени од овој вирус.
Во Инфективната клиника во Тирана потврдуваат дека секојдневно, во просек, се јавуваат по седум случаи со симптоми на морбили, при што дел од нив се позитивни.
Оттаму потврдуваат дека досега се регистрирани над 300 случаи со морбили, поголемиот број деца на возраст до една година.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра