Македонија
11. December 2017 - 15:08

Триесетдневен притвор за член на собраниското обезбедување

Кривичниот суд му одреди 30-дневен притвор на лицето А.А., во врска со настаните во Собранието од 27 април годинава, потврдија за МИА од Судот.

Тој денеска сам се пријавил во Основниот суд Скопје 1, а по распитот кај судија на претходна постапка, со комбе е пренесен во затворот во Шуто Оризари.

Станува збор за Абдулфетах Алими, кој се товари за непостапување во службата како член на обезбедувањето на Собранието на РМ.