Живот
21. November 2016 - 21:11

Три сигурни докази дека некој ви го прислушува телефонот

Сигурно некогаш сте се соочиле со проблеми во телефонските разговори, шум, одек, ехо, прекинување.

Проблемите во разговорот може да се случат од прости технички причини. Често проблемот може да биде од чиста техничка природа, оператерите или дефект на мобилниот телефон.

Експертите меѓутоа велат дека постојат три сигурни докази дека некој ви го прислушува телефонот. За што станува збор?

Прв доказ: Во заднината додека зборувате си го слушате одекот на сопствениот глас. Ехото е најдобриот доказ дека со вашиот повик „нешто се случува“. Особено доколку се повторува.

Втор доказ: Tопла батерија! Доколку батеријата ви е загреана без некоја посебна причина (иако во тој момент не го ни користите телефонот), и тоа би можело да биде знак дека ве „слушаат“. Обрнете внимание…

Трет доказ: Забавено вклучување на мобилниот апарат. Телефонот бавно се вклучува, а откако сте се обиделе да го изгаснете, исто така, му е потребно долго време да се исклучи.