Три медицински сестри од ГАК позитивни на Ковид-19, а доктор и директорката се во самоизолација
Три медицински сестри од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се позитивни на Ковид-19. Се заразиле преку семеен контакт, а двајца доктори меѓу кои директорката на Клиниката, Викторија Јовановска се во самоизолација поради заболени членови на нивните семејства.
Ова за МИА денеска го потврди директорката Јовановска, која рече дека трите медицинските сестри се заразиле преку контакт од надвор, односно семеен контакт, а не на Клиниката.
– Ние двајцата доктори сме во самоизолација, не сме со решение, туку сме во самоизолација поради тоа што во семејствата имаме повеќе од тројца заболени. Се тестиравме и јас и докторот сме негативни. Мајка ми, сестра ми и внучето ми се позитивни и уште две внучиња од сестра ми се позитивни. Јас не сум имала контакт со медицинските сестри. И членови на семејството на лекарот исто така се позитивни. Поради тоа сме во самоизолација, посочи д-р Јовановска.
Додаде дека на Клиниката сите ги почитуваат протоколите за носење лична заштитна опрема.
– Во овие седум месеци никој не се заразил на Клиниката. Нема никаква опасност да се заразат пациенти и персонал. Од понеделник уште еднаш ќе се тестираме, да имаме негативен тест и ќе одиме на работа, додаде д-р Јовановска.
Ново на Сител
-
Високи температури до крајот на неделава
-
Судот во Луизијана го блокираше законот за забрана на абортусот
-
Забранет влез во Русија и за сопругата и ќерката на Бајден
-
Адеми: Не чувствувам лична вина за инцидентот, виновни се Милошоски и опозициските пратеници
-
Стојаноска: ЈО да реагира, бараме да се симне имунитетот на пратеникот Арбер Адеми
-
Се урна спортски авион на хрватскиот остров Брач
-
При американски напад во Сирија убиен екстремистички лидер
-
Синдикатот на УКИМ го одложи протестот, за барањата ќе има дијалог со МОН и МФ